Фото: Reuters
Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени со финскиот сноубордески тим, кој слободното време на врвот на натпреварувачката патека го користи за плетење. Сите се прашуваат што плетат тие?
Главниот тренер на финскиот тим сноубордери, Анти Коскинен, стана вистинска сензација на социјалните мрежи оваа недела кога беше виден како плети на врвот на патеката во Пјонгчанг за време на Олимпијадата.
Но ова не е првпат финските олимпијци да ги извадат своите игли за плетење. Коскинен предизвика слична реакција пред четири години во Сочи.
На Олимписките игри во 2014 година тимот изјави дека заедно работат на тоа да исплетат шал за финскиот олимписки тим што требало да ги претставува на Олимписките игри во Рио во 2016 година. Остана нејасно зошто некому би му требало шал во Бразил.
Овој пат имаат друга цел - финскиот тим плете ќебе за бебето на финскиот претседател. Имено, претседателот на
Финскa, Саули Нинисто, го добил своето прво дете на 2 февруари оваа година.