X
 01.05.2025 Живот

Зошто хобијата на нашите баби повторно се во мода?

Во вашиот живот најверојатно се случуваат многу нешта што ви создаваат стрес. Но, што ако сè што ви е потребно за да се ослободите од стресот е малку разговор, омилена книга што ќе ве развесели или одличен рецепт за колачиња? Ако барате евтина, но многу корисна активност за грижа за себе, посветувањето на некое хоби од вашата баба можеби е токму она што лекарот би ви го препишал за да се опуштите по напорен или стресен ден.

Плетењето, печењето и други слични пријатни активности можат да ви донесат многу придобивки, а не само симпатичен шал или вкусни колачиња.

Кои се хобијата на нашите баби?

Генерално, хобијата на нашите баби се тивки, бавни активности со кои можете да се занимавате без брзање.

Примери за вакви хобија:

Шиење
Крпење
Плетење и хеклање
Везење и рачна изработка
Печење
Конзервирање
Градинарство
Читање
Набљудување птици
Друштвени игри
Сложувалки

Зошто овие пријатни хобија се повторно популарни?


Искрено, овие активности никогаш не излегоа од мода. Кој некогаш престанал да пече колачиња? Но, хобијата како што се плетењето и печењето станаа популарни во 2020 година кога сите поминувавме повеќе време дома. Дури и ако сте престанале да ја правите питата што некогаш редовно сте ја печеле, љубовта кон овие смирувачки активности продолжи да цвета.

Придобивки за менталното здравје од „старомодните“ хобија

Иако уживањето во свежо печен леб или во убавите цвеќиња од вашата градина е една од очигледните придобивки, постојат и научно потврдени причини зошто овие активности се добри за психичкото здравје, вели д-р Тифани Хо, доцент по психологија на Институтот за истражување на мозокот при Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

@crochetedbyvivi I love my grandma hobby:) #crochet #crochetersoftiktok #crocheting #yarn #yarnlove ♬ peekaboo - Kendrick Lamar
Пријатните хобија носат радост


- Хобијата, по дефиниција, се активности што предизвикуваат задоволство, па логично е дека оние што природно ги привлекува плетењето, хеклањето, везењето и слично да почувствуваат подобрување на расположението кога се занимаваат со тие работи - вели Хо.

Можат да ви помогнат да се смирите


Хо нагласува дека активности од овој тип можат да им помогнат на луѓето да се релаксираат, особено по тежок или стресен ден.

- Работата со рацете и создавањето нешто носи чувство на мир. Ја пренасочува енергијата од размислување и внатрешни грижи што често ги гледаме кај анксиозност, депресија или емоционално прегорување - вели д-р Хо.

Овие хобија служат како медитација


- Повторливите движења и свесното доживување на сегашниот момент наликуваат на медитација и токму затоа можат да помогнат во подобрувањето на расположението и менталната благосостојба - вели Хо.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот