Платите во Германија се меѓу највисоките во Европа, но тие значително варираат во зависност од индустријата, работното искуство и географската локација. Во помалите градови платите може да бидат малку пониски, додека во финансиските центри како Берлин, Минхен и Франкфурт, платите често го надминуваат националниот просек. Сепак, трошоците за живот се повисоки во поголемите градови.
Германија важи за една од економски најстабилните земји во Европа и нуди исклучително конкурентни плати во речиси сите сектори. Поради високиот животен стандард, како и потребата од квалификувана работна сила, многу луѓе од други земји, вклучувајќи и земји од Балканот, одлучуваат да работат таму.
Платите во Германија зависат од многу фактори: ниво на образование, искуство, локација, големина на компанијата и се разбира, од самата индустрија.
Минималната плата во Германија
Новите правила за работа во Германија наведуваат дека од 1 јануари 2024 година минималната плата во оваа земја е 12,41 евра на час. Тоа значи дека вработените со полно работно време (40 часа неделно) можат да очекуваат минимална месечна плата од 2.149 евра пред оданочување или 1.557 евра по оданочување. Оваа минимална плата се однесува на повеќето работници, вклучително и странски државјани, сезонски работници и работници со скратено работно време.
Просечната плата во Германија
Според извештајот изготвен од „Степстоун“ за 2024 година, просечната плата во Германија изнесува 4.187 евра бруто, што е околу 50.244 евра бруто на годишно ниво.
Нето-платата, која е платата по оданочување, во просек изнесува 32.141 евро годишно.
Високи плати во Германија
Платите варираат од индустрија до индустрија, како и од локацијата и работното искуство. Генерално, годишната бруто-плата помеѓу 64.000 и 81.000 евро се смета за исклучително добра. Мнозинството Германци што заработуваат 60.000 евра годишно и повеќе се задоволни од својот приход, кој се движи помеѓу 4.105 и 6.750 евра месечно.
Плати по професии
Во зависност од професиите, просечните плати во Германија значително се разликуваат. Најплатените се банкарство, фармацевтска индустрија, воздухопловство, наука и истражување, додека најниско платени сектори се земјоделство, туризам и угостителство.
За да земате повисока плата во Германија, треба да работите на менаџерски позиции во водечки компании и индустрии. Во продолжение е табела со највисоко платени професии во Германија, според просечната годишна заработка.
Медицински советник: 61.700 - 137.700 евра
Доктор: 47.400 - 142.200 евра
Пилот: 27.600 - 160.900 евра
Адвокат: 38.000 - 146.000 евра
Консултант за менаџмент: 40.200 - 141.700 евра
Софтветски архитект: 58.100 - 123.700 евра
Менаџер на проект: 53.800 - 132.500 евра
Адвокат: 50.600 - 123.800 евра
Раководител за транспорт и логистика: 47.200 - 130.600 евра
Се разбира, не сите работни места во Германија се високо платени. Како и во други земји, некои професии се подобро платени од другите.
Во продолжение се најниско платените професии во Германија.
Изградба и одржување: 23.400 евра
Угостителство: 24.960 евра
Касиер: 26.000 евра
Работник во пакување: 26.325 евра
Дактилограф: 26.540 евра
Фактори што влијаат врз платата
Покрај работната позиција, многу други фактори влијаат врз платата во Германија, како што се работното искуство, образованието, големината на компанијата и регионот во кој работите.
Искуство
Платата во Германија значително се зголемува со долгогодишното работно искуство. Според „Степстоун“, еве колку можете да очекувате да заработите во зависност од вашето искуство:
Помалку од една година: 38.250 евра
1-2 години: 40.000 евра
3-5 години: 42.000 евра
6-10 години: 45.500 евра
11-25 години: 48.000 евра
Образование
Вработените со академско образование во Германија заработуваат во просек 34 отсто повеќе од оние без академско образование. Просечната годишна плата за работниците со високо образование е 57.500 евра, а за работниците без високо образование е 41.000 евра.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik