X
 15.11.2016 Економија

Ова се професиите кои ќе ви овозможат постојан престој во Канада

Доколку ја разгледувате можноста да се преселите во Канада, ви ја нудиме листата со најбарани професии. Како што претходно „Business Insider“ објави, системот за имиграција во Канада наречен Express Entry е можеби најбрзиот начин за квалификуваните работници да транзитираат во земјата. Канадската Влада се обврза за период од шест месеци да спроведува обработка на апликациите.

Сите апликанти за „Express Entry“ се бодуваат врз основа на фактори како: вештини, работно искуство, јазични способности и образование, а потоа се рангираат.


Канада


Со стартување на програмата во 2015 година, Канаската влада соопштува дека над 31.000 барања за постојан престој биле издадени на различни видови на квалификувани имигранти.  

Според Канадската влада ова се професиите, за кои се поттикнуваат квалификуваните работници да аплицираат за постојан престој во Канада почнувајќи од 3 Јануари 2016:


финансиски аналитичари


10. Финансиски и инвестициски аналитичари


Број на успешни апликации на „Express Entry“: 446

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1.4 проценти

09. Финансиски ревизори и сметководители

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 494

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1.6 проценти


графички дизајнери


8. Графички дизајнери и илустратори


Број на успешни апликации на „Express Entry“: 550

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 1,8 проценти

7. Супервизори во мало-продажба

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 669

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 2.2 проценти


универзитетски професори


6. Универзитетски професори и предавачи

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 745

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 2,4 проценти

5. Компјутерски програмери и интерактивни медиумски програмери

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 935

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 3 проценти


софтверски инженери


4. Софтверски инженери


Број на успешни апликанти на „Express Entry“: 940

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 3 проценти

3. Аналитичари и консултанти по информациони системи

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 1.255

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 4 проценти

2. Готвачи

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 2,295

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 7.4 проценти


супервизори за услуга на храна


1. Супервизори за услуга на храна

Број на успешни апликации на „Express Entry“: 2.356

Процент на потребни кандидати кои се поттикнуваат да аплицираат: 7.6 проценти
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија