Универзитетот „Принстон“ во САД се согласил да им исплати речиси 1 милион долари во заостанати надоместоци на професорките откако било утврдено дека имало разлики во платата помеѓу машките и женските професори.
Во анализа на платите доделени во периодот од 2012 и 2014 година било откриено дека 106 професорки добивале помала плата од нивните машки колеги. Универзитетот се согласил да ги обесштети професорките за да се одбегнат долги и скапи судски спорови, изјавил Бен Џенг, портпарол на универзитетот.
Фото: Wikipedia
Универзитетот ќе им исплати вкупно 925.000 долари на професорките што биле нееднакво
платени, а треба да одвои и 250.000 долари за идните приспособувања на платите.
Според достапните податоци, професорките на универзитетот имале околу 235.000 долари годишна плата во 2018 г., додека годишната плата на професорите изнесувала 253.000 долари.
Извор:
independent.co.uk