X
 09.11.2018 Живот

Научете што значи финансиска дисциплина со помош на правилата 50:30:20

Луѓето што се финансиски зрели, трошат одговорно, никогаш не се наоѓаат во ситуација да бидат презадолжени, да не можат да платат кирија, рата од кредит, храна... Но, човек не се раѓа таков, одговорноста кон парите не е поврзана со возраста, туку со одлуката за паметно управување со нив.

Финансиски сте зрели кога редовно штедите и заштедувате, разумно купувате и знаете кога да побарате помош. Таквите навики е подобро да се развијат што поскоро, а би било одлично некои од нив да ги имате стекнато по завршувањето на факултетот.

Штедењето може да ве спаси

Најзрелиот финансиски потег што треба да го направите е да почнете да штедите, поточно секој месец да тргнете некој денар настрана. Со парите ќе стигнете до она што го сакате: сигурност и слобода. Кога секој месец заштедувате одредена сума, откако ќе ги платите фиксните трошоци, проактивно работите на благосостојбата на вашата иднина.

Ако идејата за издвојување некој денар од секоја плата ви се чини невозможна, започнете да размислувате за парите како за готовина што е тука во случај да ви биде потребна. Доколку останете без работа, оваа заштеда ќе ве спаси, а ќе имате и можност за промена на животот, на пример, за преселување во нов град.

Магична формула


Тереза Николас, сертифициран финансиски планер во Рокланд, Масачусетс, советува пред секое пазарење, особено она поголемото, прво да размислиме дали предметот што сакаме да го купиме навистина ни е неопходен или само сакаме да одвлечеме внимание од некој проблем или можеби сакаме да се докажеме пред пријателите.

Николас советува примена на правилата 50:30:20 кога станува збор за заработката.

- Половина од заработката ќе ви замине на трошоци што не можете да ги избегнете, како кирија, сметки и храна, 20 отсто издвојте за штедење или исплатете ги долговите, а со 30 отсто правете што сакате. Возрасни сте и не би требало да ви претставува проблем да се откажете од тие 30 отсто кога ситуацијата така налага - вели Николас.

Тоа е добар показател дека сте финансиски зрели. Тоа значи дека сте свесни за износот што во секој момент го имате на сметката и не бегате од реалноста.

Внимавајте на кредитите, долговите и имајте на ум дека што подолго го одложувате нивното плаќање, во повеќето случаи, тие ќе бидат сѐ поголеми.

Иако отсекогаш биле тука за вас кога ви бил потребен совет, вашите родители можеби не се луѓето што треба да ги прашате за совет кога станува збор за финансиите. Голема е веројатноста да поминале цел живот со многу помалку отколку вие и нема да сфатат дека ви недостигаат пари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот