X
 15.11.2022 Живот

Колку пари им се доволни на луѓето за да бидат среќни?

Научниците конечно најдоа одговор на едно од најголемите животни прашања: Дали парите можат да купат среќа?

Најновото истражување потврди дека парите навистина можат да купат среќа.

Новиот експеримент, чии резултати неодамна беа објавени во списанието ПНАС, ги проучувал ефектите од еднократната исплата на 10.000 долари на луѓето. 200 луѓе во 7 земји добиле исплата од 10.000 долари преку „Пејпал“, во партнерство со ТЕД. Овие луѓе потоа биле следени и споредени во однос на контролната група која не примила пари, за да се спореди нивното ниво на среќа. Исто така, имале ограничување од три месеци за трошење на тие пари.

- Со споредување на примателите на готовина и контролната група која не добила пари, овој експеримент обезбедува доказ дека трансферот на пари значително ја зголемува среќата - пишуваат авторите на истражувањето.

Откривањето дали парите навистина можат да купат среќа е тешко. Среќата е спектар, па затоа е тешко да се измери прецизно со текот на времето само кај една личност; а да се споредува со другите е уште потешко.

Токму затоа, распределувањето на парите се движело од луѓе што живееле во земји со високи приходи, како што се САД, Австралија, Канада и Велика Британија, до луѓе што живееле во земји со понизок просечен БДП, како што се Бразил, Индонезија и Кенија. Сите учесници зборувале англиски, бил опфатен широк спектар на возрасти и главно имале високо образование.

Подоцна тие добиле анкета што требало да ја пополнат. Врз основа на анкетата, на која имало скала на задоволство од животот во пет ставки и оцени од еден до пет што ги мерат позитивното и негативното влијание, учесниците што добиле пари покажале значителни подобрувања на среќата во однос на контролната група.

- Овие придобивки беа најголеми за оние луѓе што заработувале најмалку: оние во земјите со пониски приходи биле трипати посреќни од оние во земјите со повисоки приходи - велат научниците.

Но, истражувањето покажа дека кај оние што заработуваат 123.000 годишно или повеќе не се зголемува среќата, што сугерира дека постои момент во кој парите стануваат помалку влијателни врз севкупниот квалитет на животот.

Кај 200 учесници што примиле 10.000 долари вкупното задоволство од животот се подобрило во просек за 0,36 поени по лице.

- 10.000 долари се пари што на многумина ќе им го променат животот. Во овој случај, резултатите од истражувањето зборуваат сами за себе - велат авторите.

Извор: iflscience.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот