X
 09.11.2021 Живот

Доктор во Канада првпат поставил дијагноза за страдање од климатски промени

Жителка на Канада која има проблеми со дишењето веројатно е првиот човек во светот што има дијагноза дека страда од климатски промени.

Според нејзините лекари, топлинските бранови и лошиот квалитет на воздухот се виновни за нејзината состојба. Кајл Мерит, докторот кој стои зад дијагнозата на жителката која страда од астма, изјавил дека како причина за нејзината состојба ги навел климатските промени.

- Доколку не ја бараме главната причина и само ги третираме симптомите, ќе заостануваме сè повеќе - изјавил лекарот.

Во Канада годинава биле забележани рекордно високи температури и смог како последица од пожари. Се смета дека високите температури во Британска Колумбија летово се причина за дури 500 смртни случаи. Нивото на квалитет на воздухот било 43 пати полошо од нивото што се смета за безбедно во јули и во август.


Фото: Pixabay

Мерит вели дека топлинскиот бран директно ја влошил состојбата на 70-годишната пациентка. Таа има и дијабетес и проблеми со срцето, а живее во приколка без клима-уред.

Повеќе доктори во Канада започнале иницијатива наречена „Доктори и медицински сестри за планетарно здравје“, која има цел да се залага за подобро здравје со заштита на околината.

Извор: Independent
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот