X
 21.07.2019 Живот

Овој град целосно го укинал јавниот превоз и го заменил со нова услуга

Инисфил, град во канадската покраина Онтарио, целосно го замени јавниот превоз со „Убер“. Необичниот експеримент почнал сосема случајно пред две години во центарот на градот кога сите граѓани почнале да ја користат новата услуга на брзорастечката компанија. Набрзо потоа услугата се проширила во целиот град.

Тогаш градските власти заклучиле дека е многу поисплатливо јавниот превоз да се замени со сè попопуларната услуга. За да им овозможи на жителите што е можно поедноставно и поевтино користење на „Убер“, градот одлучил да го субвенционира возењето така што секој жител за едно просечно возење би потрошил долар или два.

И додека на почетокот сè изгледало идилично, со годините градот доживеал голем пораст на бројот на возачи, кој денес изнесува дури 2.203, што за град со околу 36.500 жители е прилично голем број. Освен тоа, поради зголемувањето на цената на самата услуга, бројот на возила, но и на цената на горивата, се зголемил и износот на субвенциите. Само оваа година градот би требало да издвои 1,2 милион долари, што е значително повеќе од предвидениот износ од градскиот буџет за сообраќај, кој изнесува 900.000 долари.

Но, покрај ветувањата на градските власти дека можат да најдат решение за сите проблеми, се чини дека сите не мислат така за револуционерното решение на проблемот со јавниот превоз.

- Ако како одговорно лице сметате дека најдоброто решение за јавниот превоз е субвенционирање на услугите што ги нудат „Лифт“ и „Убер“, тогаш со вас навистина нешто не е во ред. Тоа е најлошата можна одлука што сте можеле да ја донесете - предупредува еден експерт.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот