X
 18.02.2020 Економија

Кои се навиките на потрошувачите денес? Трошиме поодговорно, а образованието е луксуз

Швајцарската приватна банка „Јулиус Баер“ на почетокот од годинава објави резултати од истражување што ги споредува навиките на потрошувачите со цените на производи и услуги, во 28 града во светот.

Според истражувањето, Москва е идеална за сите богаташи што не сакаат да трошат, додека оние што сакаат со гордост да ја носат дипломата од престижните британски универзитети мора доста да си ја „осиромашат“ својата банкарска сметка. Инаку, руската престолнина се наоѓа на 6. место на листата со најевтини локации, а процената е дека пазарот на луксуз во оваа земја чини 5,4 милијарди долари.

Не само што елитата ги искористува придобивките од преминот од социјализам во неофеудален капитализам, туку и членовите на средната класа сакаат да се возат во „мерцедес“ и да носат брендирана облека. Според актуелните податоци, 3 отсто од најбогатите Руси располагаат со речиси 90 отсто од финансиските средства.

Истражувањето на банката покажува дека цените на стоките и услугите во Москва се пониски од просечните во речиси сите категории, а особено во две: ако ви е потребен клавир од познатата фирма „Стенвеј и синови“ или ласерска операција на очите - тогаш посетете ја руската престолнина.

Москва се издвојува како најповолна и кога станува збор за разубавувањето, односно козметичките услуги или медицинските интервенции, како што е ботоксот, а се нудат добри услови и за летови во бизнис-класа или јадење во добри ресторани. Од друга страна, она што е скапо во Москва се вината, накитот, чевлите и високите потпетици.

Најскапи градови во светот се Хонг Конг, Шангај и Токио, а веднаш зад нив е Њујорк, додека Ванкувер е на 21. место. Лондон е на 7. место, Барселона на 24, а Франкфурт на 26. место. Последни на листата се Мумбај и Јоханесбург.

Член на извршниот одбор на оваа банка, Николас де Сковронски, вели дека луксузот некогаш се однесувал на поседување скапи автомобили, облека, имот, а сега подразбира и ручање во скапи ресторани или нови животни навики, како што е посета на спа-центар.

studiranje
Фото: Pixabay

Истражувањето наведува дека бејби-бум генерацијата свесно ги пренесува парите и влијанието на помладите генерации, кои треба да се грижат за планетата и да знаат колкава е нивната потрошувачка моќ. Така се создала и „свесната потрошувачка“, односно желбата на купувачот да ги усогласи своите купувачки одлуки со неговите животни ставови и вредности.

Заклучокот е дека денешните потрошувачи трошат поодговорно.

Европејците добро ја знаат вредноста на уметноста, традициите, занаетчиството, модата, убавината и таа се канализирала низ децениите. Но, откако власта ја зедоа Азијците, луксузот стана поглобален и попрофитабилен. Освен тоа, тој денес подразбира повеќе работи отколку претходно, па така можеме да наидеме на недвижности како брендирани резиденции.

Трендовите се менуваат, глобалните пари растат, па така Тајланд долго време се смета за неприкосновена луксузна дестинација за сите Европејци. Ако одиме во Милано, веќе знаеме дека најскапо ќе ја платиме модата, додека Обединетото Кралство, освен по кралицата, познато е и по своите престижни универзитети.

Ова води кон следната тема: дали образованието е луксуз? Можеби не во Финска, но и тоа како во Велика Британија и САД.

Така, на пример, школарината на „Оксфорд“ (В. Британија) или на „Харвард“ (Бостон) расте секоја година, односно скокнала за 550 пати во изминатите 25 години. Врз цените секако влијае и зголемениот интерес на странците, оосбено од Азија, па така секој десетти студент што посетува британско училиште е странец. Овие институции во моментов ги посетуваат околу 100.000 Кинези.

На пример, целокупната годишна школарина на колеџот „Итон“ во 2019 година чинела повеќе од 50.000 евра.

Сепак, овој случај не е „најлош“. Просечните трошоци за студирање на „Оксфорд“ или на „Харвард“ во оваа академска година изнесуваат околу 109.000 долари. Но, овие дипломи вредат злато. Дипломец од „Харвард“ годишно заработува околу 200.000 долари, односно 160.000 уште во првата година на стажирање.

Дали знаевте дека велнес-индустријата сочинува 5 отсто од светската економија?

Таа опфаќа разни услуги: нега, естетски третмани, здрава исхрана, велнес-туризам, фитнес, бањи и велнес на работното место. Процената е дека секоја година 800 милиони луѓе патуваат поради велнес, а на овој вид туризам луѓето трошат 53 отсто повеќе отколку на „класичниот туризам“.

Целосното истражување можете да го погледнете ТУКА.

Извор: biznis.Telegraf.rs
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија