Постојаните апели да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на вирусот може да се каже дека не вродија со плод, имајќи го предвид рекордниот број на заразени секој ден. Сепак, има и такви што му пристапуваат на проблемот на поинаков начин.
Џуро Хорват е сопственик на компанијата „Техникс“ која испрати писмо до сите вработени дека ќе бидат казнети доколку завршат во самоизолација.
- Почитувани работници! Имајќи предвид дека ситуацијата со Ковид-19 се влошува секој ден, би сакал да ве известам дека компанијата ќе воведе сопствени капацитети за престој во изолација, така што секој што со своето невнимание ќе се доведе во таква состојба, ќе биде изолиран во хотелот „Краљ“. На личноста што ќе биде во самоизолација ќе ѝ биде намалена платата за 10 отсто. Мора да бидеме свесни дека со сопственото однесување надвор од компанијата не се загрозуваме само себеси и своите семејства, туку и колегите од работа, и со тоа се доведува во опасност стабилноста на компанијата и задржувањето на работните места.
Вашиот директор: Џуро Хорват.
Хорват се обиде да ги објасни своите ставови.
- Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето со таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата бидејќи 20 луѓе недостигаат. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние
вработени и менаџери што се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизацијата да ја сведеме на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница и компанија - вели Хорват.
Тој потврди дека неговата компанија ги казнува оние што ќе завршат во изолација со 10 отсто намалување на платата.
- Неодамна ја намаливме платата на некои луѓе. Сметаме дека тоа е резултат на несериозност и неодговорно однесување. Ако од работното место човек оди од кафуле во кафуле, наместо дома, ако сам го предизвика тој дел на нездрав живот, тогаш тој мора да сноси еден дел од одговорноста - додаде Хорват.
Извор:
Noizz.rs
Фото: Freepik