X
 27.10.2023 Наука

Големите суши предизвикаа повлекување на реката Амазон, па се појавија човечки лица врежани во камењата

Екстремните суши и високите температури во бразилскиот дел на Амазон предизвикаа огромни штети - смрт на околу 100 речни делфини и пропаѓањето на разновидниот екосистем карактеристичен за овој дел од светот.

Најновите вести за драматичните падови на нивото на водата на реката кажуваат за нешто неочекувано. Падот на нивото на водата на реката откри десетици карпести формации со врежани човечки фигури, кои најверојатно датираат од пред 2.000 години.



Постарите жители на Амазонија не се сеќаваат дека некогаш ги виделе, а бидејќи се невидливи додека речните текови не се повлечат до минималните граници, многумина тврдат дека ова е уште еден доказ за екстремните климатски промени низ кои поминуваме.

- Доаѓаме, ги гледаме (гравурите) и мислиме дека се убави. Но, истовремено е загрижувачко... Размислувам и за тоа дали оваа река ќе постои за 50 или 100 години - вели Ливија Рибеиро.



Од бразилскиот институт за историско наследство објаснуваат дека гравурите претставуваат дел од археолошкиот локалитет во близина на Праја Лајес и дека првпат се откриени во 2010 година. Бидејќи сушата тогаш не беше ни приближно голема како сега, тие не можеле детално да се испитаат.

Сега е утврдено дека тие прикажуваат човечки лица, во правоаголна или овална форма, со насмеани или мрачни изрази кои ги изразуваат основните човечки емоции. Научниците се надеваат дека тоа ќе им помогне да ги разберат првите заедници што го населиле овој регион.



Извор: National geographic
Насловна фотографија: X
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука