X
 17.12.2016 Живот

Маките на вработените во Гугл


Работата во Гугл се чини како кариера во рајот – но, извори одвнатре ја откриваат другата страна на приказната.

Внатре во Гугл

Веќе подолго време Гугл е најпосакуваниот работодавач на светот, заради одличните плати, својот имиџ и условите за работа. Но, не е сè така идеално, тврдат поранешни вработени кои откриваат што всушност им пречело во царството на Гугл.

Погледнете каде Гугл има свои филијали низ светот:

Изгледа дека работата во Гугл не се сведува само на бесплатна храна и возење велосипед околу нивниот камп. Сепак, нивните жалби треба да се земат со доза на сомнеж...

„Ќе ви дадат сè што сте посакувале, но на крајот го губите она што најмногу ви значи.“

Џо Канела, поранешен сениор акаунт менаџер вели дека работејќи во Гугл на крајот завршувате јадејќи цел живот Гугл храна, со колегите од Гугл, носејќи Гугл опрема, зборувајќи со Гугл акроними, испраќајќи Гугл мејлови преку Гугл телефони и со тек на времето губите перспектива како изгледа да се биде независен од големото Г, а секој агол од вашиот живот е наместен на начин да ја зајакнува идејата дека треба да сте луди да посакате да бидете на друго место, работејќи нешто друго.

„Никој не ви верува ако кажете дека дека не е супер.“

Кејти Левинсон, поранешна софтвер инженерка открива дека откако заминала од Гугл, сите ѝ барале објаснување, во смисла, да ги „оправда“ причините за своето заминување, инсистирајќи на идејата дека компанијата е совршен работодавач. Луѓето не сакаат да чујат ништо друго и едноставно не ви веруваат кога ги образложувате своите мотиви, бидејќи сметаат дека измислувате или дека сте разгалени, вели Кејти.

„Ги вработуваат само најдобрите, па сите се преквалификувани.“

Анонимен извор открива дека Гугл редовно ги вработува врвните студенти од најдобрите универзитети, а повеќето вработени имаат натпросечни квалификации и образование. За нив може да биде демотивирачки по цел ден да работат на банални задачи, кои не ги предизвикуваат.

„Таму можете да работите и по осум години без никакво напредување.“

Анонимен извор исто така зборува дека е многу лесно заради големиот број вработени и комплицираниот систем кој не се фокусира на луѓето, да се остане незабележан. Заради тоа многу луѓе со години не добиваат можност за унапредување, едноставно остануваат во сивата зона.

„Гугл е толку голем што грешките се неизбежни.“


Исто така анонимен извор открива дека му пристапил „head hunter“ од Гугл да го врбува за менаџерска позиција. Во исто време кога го вработиле, работа добило уште едно лице со исто име. Човечките ресурси некаде затаиле во системот, па првиот вработен завршил два месеци работејќи на пониско квалификувано работно место, иако цело време им укажувал на грешката, но процедурите во големите фирми се бесконечни.

„Проектите цело време произволно се откажуваат.“

Најнегативната работа е што постојано и произволно ги откажуваат проектите во кои сте вложувале труд и време, а зошто - никој не знае. Згора на тоа, ќе го одбијат и вашето барање за унапредување, со образложение дека не сте се труделе доволно, изјавува анонимен вработен.

„Компанијата се грижи само за мерливите работи.“

Кејти Левинсон истакнува дека секој напредок што не се темели на цврсти и непобитни бројки едноставно не е вреден. Корисноста, бројот на багови и слично, се работи за кои никој не се грижи – ако нешто не можете да измерите, тоа не постои.

„Постои цела низа генијалци и индивидуалци кои се очајни шефови.“

Луѓето се промовираат на менаџерски позиции не затоа што знаат да раководат, туку затоа што се итри и знаат да бидат гласни, односно да се изборат за себе. Таквите луѓе се лоши шефови, а Гугл е преполн со нив.

„Гугл е преголем за еден човек да може да има какво било влијание.“

Анонимен извор вели дека работел во Гугл три години и дека му било тешко да замине заради одличната плата, но причина што го мотивирала сепак да го направи тоа, бил фактот дека неговото влијание врз работењето на компанијата како индивидуалец, било минимално и безначајно. Можно е да се помине цел работен век таму, без зад себе да имаш конкретни резултати. Таму само ја подмачкувате машината, вели тој.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот