X
 03.02.2016 Живот

Тајните на Икеа откриени од нејзините вработени

Голема е статистичката можност да имате купено барем нешто од Икеа. Познатата шведска компанија е најголемиот светски трговец за гарнитура со милијарди долари приходи годишно.

 

ikea


Вработените во Икеа низ годините откриваат некои тајни и ексцентричности на оваа компанија, но и нејзините генејални решенија кои ги копираат останатите компании. Своите 150.000 вработени Икеа ги нарекува соработници, а еве кои тајни тие ги открија за оваа компанија.

1. Лавиринтите на Икеа имаат интересна цел

Не е тајна дека Икеа намерно ја поставува робата во лавиринти за да ве однесе до сите можни оддели - од кујнски елементи до цвеќиња. Јохан Стенебо, ветеран од Икеа ја напишал книгата „The truth about Ikea“ во која пишува дека идејата за распоредување на робата е „како да ве фати Икеа за рака и намерно да ве води низ продавницата по пат по кој ќе ги видите сите работи и ќе купите“. Вработените овој лавиринт интерно го нарекуваат „долг природен пат“. Во статијата „Is the IKEA aesthetic comfy or creepy“, Лорен Колинс во 2011 година, пишува дека патот на секои 15 метри мора да биде интересен за на клиентите да не им биде досадно.

2. Кратки патчиња


Ако сте дошле само да купите даска за WC и не ви е потребна нова постелнина ниту пак нова лежалка за на балкон, сигурно ќе ги искористите кратките патчиња означени на таблите. Но, овие кратки патчиња ќе ве водат преку одделот од кој ништо не ви треба се` додека не погледнете. Во Икеа постојат и вистински кратки патчиња направени поради сигурносни причини, за вработените да можат полесно да носат роба низ продавницата. Овие кратки патчиња не се никаде означени па ако сакате да ја заобиколите Икеа за половина час, морате да ги откриете сами.

3. Но вистинските кратки патчиња се менуваат

Пол Робертсон кој 10 години работел во Икеа во Канада за еден весник открива дека кратките патчиња за вработените често се менуваат бидејќи вработените имаат многу работа, па купувачите можат лесно да ги откријат. Патчињата се преместуваат за купувачите повторно да се наведуваат да одат низ одделите во продавницата.

4. Ѕидовите во Икеа се поместуваат


Преградните ѕидови со кои се одделени одделите во Икеа можат да се поместат. Тие имаат посебни осигурачи за зацврстување за купувачите да не ги поместуваат, но вработените можат да го направат тоа.

5. Луѓето купуваат цели соби кои се изложени

Понекогаш купувачите одлучуваат да купат цела соба која ја гледаат изложена бидејќи им се допаѓа идејата на декораторите. Начинот на изложување на Икеа се покажува како еден од најефективните трикови во малопродажба.

6. Оддел „отвори го паричникот“

Икеа продавниците се преполни со мали практични работи кои се толку евтини што на купувачот му е тешко да одолее и да не ги купи. Овие оддели се викаат „отвори го паричникот“. Овие предмети ги поттикнуваат луѓето да купуваат без грижа на совеста бидејќи во Икеа се смета дека купувачите не можат да купуваат умерено: или ништо или многу. Одделот со ситници обично се наоѓа помеѓу одделот со поскапи работи.

7. Техника була була

Друга метода за купување интерно се нарекува була була техника. Големите кошници намерно се преполни со мали нешта, бидејќи го зголемува впечатокот дека работите се евтини.

8. Да, можете да преспиете на каучите


Мебелот и гарнитурата се изложени за купувачите да ги гледаат, отвораат, допираат и тестираат за да го добијат искуството. Исто така, ако сакате да легнете во креветот на Икеа и малку да дремнете - слободно направете го тоа. Единствено што не одобруваат е да спиете неколку часа. Феноменот на спиење во Икеа посебно е развиен во Кина каде луѓето масовно спијат во изложените соби.

9. Но, сепак подобро би било да не лежите

Според исказите на вработените на Икеа во Тексас, перниците изложени на креветите се менуваат еднаш месечно, а постелнината ако е многу валкана.

10. Вработените мразат кога отворате спакувани работи

Она што вработените во Икеа го мразат е кога луѓето отвораат спакувани работи и ги оставаат на полиците. Кога нешто ќе се отвори, вработените повеќе не смеат да го продаваат.

11. Вработените не треба да ве прашаат дали ви треба помош

Вработените на Икеа имаат упатства да ги остават купувачите слободно да гледаат и да се опуштат, а во правилото стои дека не треба да ве прашуваат доколку вие не побарате помош бидејќи не сакаат да почувствувате притисок. Ова е дел од скандинавската култура на купување и истото правило важи за магацинот кадешто од купувачот се очекува сам да ги пронајде работите.

12. Книгите на полиците некогаш ги носат продавачите

Икеа наводно им препорачува на вработените да донесат свои книги изложени на полиците, а книгите обично се бираат по боите и содржината мора да биде соодветна за сите возрасти.

13. Најпопуларните предмети

BILLY полицата за книги и масата LACK.

14. Сериските броеви кажуваат многу

Последните два броеви од сериските броеви ја означуваат бојата и нијансата на предметот. На пример, во бројот 41 сината боја означува 4, а 1 може да значи светло сина. И имињата имаат значење. Полиците обично се нарекуваат според професиите, завесите според математички броеви, производите од бањата по езера и реки и слично.

15. Луѓето во Икеа многу се караат

Ако навистина сакате да ја тестирате вашата врска, одете заедно нешто да купите од Икеа, велат вработените. Голем број расправии се поради стресот и големината на продавница која за купувачите често пати е премногу. Некои духовити луѓе направиле и прирачници со упатства за паровите кои планираат заедно да купуваат во Икеа.

16. Комуницирање во шифри


Кога преку интерфон се слушне „22“ тоа значи дека итно треба да се решат редовите на благајните и сите слободни вработени кои се обучени за оваа работа на благајните треба да се јават. Шифрата „99“ значи дека во продавницата лута изгубено дете.

17. Pinterest ja поттикнува продажбата


Вработените велат дека точно знаат кој предмет станал вирален на Pinterest бидејќи таквите предмети веднаш се распродаваат. Како пример наведуваат една полица за зачини која скоро секогаш е распродадена, а кога провериле на Pinterest, виделе дека некој објавил како таа може да се набои и да се претвори за полица за сликовници за мали деца. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот