X
 09.12.2022 Живот

„Писмо за Глорија“ - нова книга од Живко Грозданоски

Денеска излезе од печат новиот роман на Живко Грозданоски под наслов „Писмо за Глорија“, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ.

По успешната прва соработка на „Куфер за тројца“, книга која беше финалист за „Роман на годината“, ова е новиот ракопис на еден од најталентираните автори на новата генерација македонски писатели, велат од ИЛИ-ИЛИ.

Живко Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на Катедрата по италијански јазик и книжевност. Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, ИЛИ-ИЛИ, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, Антолог, 2018) јазик. Преведува и препејува од и на италијански јазик.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот