X
 07.09.2016 Култура

Наскоро излегува новиот роман на Џорџ Р.Р.Мартин

роман 

 

После пауза од 5 години, продолжението на епската фантазија „Песна за мраз и оган“ на Џорџ Р.Р. Мартин конечно треба да излезе во блиска иднина.


Романот ќе биде шести по ред и претпоследен за авторот. Првиот дел од книгата беше адаптиран во серијата во продукција на HBO.

Бидејќи беа пропуштени неколку рокови, издавачите „Amazon France“ сега тврдат дека книгата ќе излезе на 9 март 2017 година, иако и ова не е официјално потврдено.

Минатиот месец, Мартин потврди дека и понатаму го пишува долгоочекуваниот роман. Мартин исто така потврди дека научно-фантастичниот стрип „Wild Cards“ наскоро може да се очекува на малите екрани.

Седмата сезона од серијата „Game of thrones“ премиерно ќе биде прикажана кон средината на 2017 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура