Човек во Вашингтон минатиот месец бил жртва на вооружен грабеж во кој крадците му украле сè што имал во џебовите, вклучително и клучевите од автомобилот и паметниот телефон. Добрата вест? Бидејќи телефонот бил „Андроид“, крадците не сакале да го земат.
Како што известуваат американските медиуми, сопругата штотуку завршила со работа во раните утрински часови, па нејзиниот сопруг инсистирал да се најдат пред станот за да ѝ го паркира автомобилот.
Кога го паркирал автомобилот и се враќале во станот, му пришле две маскирани лица кои биле вооружени со пиштоли. Го ограбиле, му зеле сè што имал во џебовите и излегле.
Но, пред да заминат, крадците го погледнале телефонот што го украле и веднаш му го вратиле зашто не бил „ајфон“.
Извор:
9to5mac.com
Фото: Freepik