X
 25.06.2015 Технологија

Во продажба е Galaxy A8, најтенкиот телефон на "Samsung"

„Galaxy A8“ на „Samsung“ се појави на кинескиот пазар. Моментално, ова е најтенкиот смартфон направен од компанијата.


Дебелината на телефонот е 5,9 милиметри и е потенок од претходникот, „Galaxy A7“, чија дебелина изнесува 6,3 милиметри. Ова е првиот уред од „Samsung“ кој е потенок од 6 милиметри. Меѓу другото, телефонот има РАМ од 2 гигабајти и 16 гигабајти дополнителна меморија. Задната камера има 16 мегапиксели, додека предната 5.

Изгледот малку потсетува на „Galaxy S6“, и исто како и него има метално куќиште.

Засега, телефонот е достапен само на кинескиот пазар и не се знае кога ќе започне да се продава во остатокот од светот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија