X
 10.01.2017 Здравје

Како се однесува човечкиот организам на температура од минус 20 степени?

Хипократ, таткото на модерната медицина, посебно ја истакнувал важноста од согледувањето на временските прилики при проценката на здравствената состојба на некој човек и одредувањето на соодветна терапија за него.

Денес, кога временските варирања се силно изразени, интересот за влијанието на времето врз здравјето сè повеќе се зголемува, па соодветно на тоа се развива и нова гранка на метеорологијата, биометеорологија.

Имено, колку е пониска температурата толку повеќе слабее имунитетот што поттикнува развој на вируси во респираторниот систем. Грипот секако „доаѓа под рака“ со студеното време, пишува „Хелтифуд“.

Постојат докази дека изложеноста на ниски температури го слабее имунолошкиот систем, па паралелно со тоа расте и ризикот од инфекции, појаснуваат експертите од Харвард.

zima
Фото: Freepik

Асматичарите можат да имаат сериозни проблеми во текот на зимата при ниски температури на воздухот. Можен е и спазам на белите дробови. Носењето шал може да помогне, како и вдишување на воздухот преку носот, за да може да се загрее додека стигне до белите дробови.

Кога температурите паѓаат, паѓа и воздушниот притисок, а кога е силно изразена – атмосферската промена може да доведе и до проблеми со синусите и силни мигрени.

Доаѓањето на студен фронт ја зголемува и зачестеноста на срцеви и мозочни удари. На студеното време организмот реагира на тој начин што ги контрахира, ги стегнува крвните садови, за да го спречи оддавањето на топлината.

Ова за последица има зголемување на отпорот во кардиоваскуларниот систем при што срцето дополнително се оптоварува, а крвниот притисок се зголемува.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје