Тетово топло го одбележа успехот на нивниот млад и успешен сограѓанин, Игор Томески, кој е првиот добитник на Нобеловата награда за млади од нашата земја. Во Домот на културата публиката на големото платно го проследи документарец за делата на младиот лауреат и премиерно го проследи неговиот нов филм „Идеализмот на младиот човек“.
Факултети.мк веќе објави
интервју со 20-годишниот Игор, кој неодамна ја доби Нобеловата награда за млади која изнесува симболични 1.000 американски долари, а ја доделува Клејс Нобел, внукот на Алфред Нобел, основачот на Нобеловите награди.
Во тетовскиот Дом на културата беше прикажан и емотивниот документарец за детството на Игор. Приустните беа трогнати од „Идеализмот на младиот човек“кој зборува за опаѓањето на семејните и духовните вредности, за влијанието на технологијата во животот на младите. Филмот следи една млад, супер-интелегентен човек, бунтовен како Робин Худ, кој дава општествен коментар на живеењето денес, кој има желба да го промени светот и да ги врати вистинските вредности.
Уште попријатно беше изненадувањето кога Игор лично се појавил на сцената, иако било најавено дека ќе се обрати преку „скајп“.
Премиерата на филмот била тесно поврзана со седумте правила на Нобел, презентирани како прирачник за успешен живот на еден човек и предуслов за добивање нобелова титула. Младиот Игор ги сподели со нашите читетали:
Правилна мисла
Вашиот ум е динамичен градител. Тој ја создава реалноста. Сонувајте возвишени соништа – мислите се материјализираат.
Правилен збор
Зборовите се многу силни кога излегуваат од вашата уста и ниту моќта на 100 слона не можат да ги вратат назад. Внимавајте на јазикот.
Правилно дејство
Престани да зборуваш и почни да се движиш. Нека достоинственоста, честа и вистината бидат благородните белези на твојот карактер.
Правилен став
Насмевнете се и бидете љубезни, позитивни и корисни на сите. Станете добри слушатели.
Правилен начин на живот
Чекорете лесно по земјата. Не оставајте траги.
Овде
Не мора да одите до далечните креави на светот. Започнете ја трансформацијата и подобрувањето на светот во вашата заедница. Почнете да копате во вашиот двор – може да најдете дијаманти.
Сега
Не одлагајте. Не се оправдувајте дека немате време. Станете активна и работлива личност за подобрување и промена на светот.