X
 19.10.2016 Култура

Нобеловиот комитет се откажа од потрагата по Боб Дилан

И покрај тоа што поминаа неколку дена откако Боб Дилан беше прогласен за добитник на Нобелова награда за литаратура, тој допрва треба да стапи во контакт со Шведската кралска академија и да одговори дали ќе присуствува на свеченоста. Од Академијата истакнале дека започнале потрага по него.


Секретарката на академијата Сара Данилс рекла дека го
побарале и испратиле мејлови на неговите најблиски соработници. Тие им возвратиле многу пријателски одговори, а тоа како што истакнала Данилс, засега е доволно.

Американскиот музичар не одговара, иако истата вечер кога беше прогласен за лауреат, одржал концерт во Лас Вегас. Наградата воопшто не ја споменал.

 


 

Данилс вели дека во Академијата го очекуваат повикот од Дилан и веруваат дека тој ќе се јави.

Секој 10-ти декември, добитниците на Нобелова награда пристигаат во Стокхолм за да го примат вредното признание и да одржат говор. Засега не е познато дали Боб Дилан воопшто има намера да присуствува на свеченоста.
Боб Дилан е првиот текстописец кој освоил Нобелова награда за литература. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура