X
 12.05.2024 Живот

Мистерија што трае над 200 години - која била Елиза од познатата композиција на Бетовен - „За Елиза“?

Една од најпопуларните композиции на сите времиња - „За Елиза“ ја напишал Лудвиг ван Бетовен на 27 април, точно пред 214 години.

Популарната мелодија е обвиена во мистерија дури и за љубителите на некласичната музика повеќе од два века - која била Елиза?

Некои веруваат дека тоа е Елизабет Рекел, германски сопран и сестра на пријателката на Бетовен, исто така оперска пејачка. Други мислат дека германскиот музиколог Лудвиг Нол погрешно го дешифрирал насловот и дека на него пишувало „За Тереза“.

Композицијата била објавена дури во 1865 година, 38 години по смртта на Бетовен. Била пронајдена од Нол кај австриската дама Бабет Бредл, на која ѝ ја дала извесна Тереза фон Дрошдик. Кога Бетовен ја запознал Тереза, која станала негова ученичка, таа сè уште го имала нејзиното моминско презиме Малфати.

Тереза ​​не била само ученичка и пријателка на Бетовен, тој ја запросил во 1810 година, кога била составена композицијата. Таа го одбила и се омажила за австриски благородник.

Но, други истражувачи посочуваат дека Елиза би можела да биде германски сопран по име Елизабет Рокел. Рокел ја глумела Флорестан во операта „Фиделио“ напишана од Бетовен, а многу извори покажуваат дека Елизбет често се среќавала со Бетовен, кој се вљубил во младата жена и сакал да се ожени за неа.

- Со години работам на публикација наречена „Бетовен во очите на неговите современици“, која ги вклучува сите извештаи од луѓе кои лично го познавале Бетовен. Се споменуваат одредени жени, а една од нив била Елизабет Рокел - вели берлинскиот музиколог Клаус Мартин Копиц.

Има и трет кандидат: друг германски сопран и пријателка на Бетовен, Елиза Баренсфелд. Во 2012 година музикологот Рита Стеблин тврдела дека Бетовен нејзе ѝ ја посветил композицијата.

Стеблин смета дека Тереза Малфати веројатно била учителка по пијано на 13-годишната Елиза Баренсфелд, па затоа Бетовен ѝ напишал композиција за да ѝ направи услуга на саканата Тереза.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот