Хорор филмот „The Nun“, некои луѓе веќе го прогласија за најстрашен филм за 2018 година, а како што се наближува почетокот на премиерата, така авторите одлучиле да ја засилат промоцијата преку реклами на „Јутјуб“. И им успеало!
Мини рекламите на „Јутјуб“ траеја пет секунди (за да не можете да ја прескокнете со опцијата „skip ad“, која единствено се појавува после пет секунди), и на оние кои ја видоа, им овозможи хорор каков што веројатно ни самиот филм не е.
Рекламата започнува со предупредување за гледачите да го намалат звукот на својот компјутер, а потоа се појавува сцена од филмот проследена со морничави звуци и чукање.
(Предупредуваме, видеото би можело да ве вознемири).
И сето ова било во ред, додека рекламата се појавувала само на оние гледачи заинтересирани за хорор филмови или кои на „Јутјуб“ гледале снимки со слична содржина, но се чини дека рекламата се појавувала пред некоја сосем различна содржина, што практично ги тероризирала невините корисници на „Јутјуб“.
-Предупредување! Ако на „Јутјуб“ видете реклама со ознака да го намалите звукот и ништо друго, тоа е „jump scare“ за новиот хорор филм „The Nun“. Препорачуваме да го свртите погледот и намалите звукот, ако имате анксиозност и ако лесно се плашите. Споделувајте за спасување на животите - објавил еден твитер-корисник.
Работата отишла толку далеку што „Јутјуб“ реагирал, па после предупредувачкиот твит ја отстраниле рекламата.
Ова не е првпат луѓето да се жалат дека „Јутјуб“ ја преминал границата со рекламите, а слична ситуација била и со рекламите за филмот „Slender Man“.
Ако во иднина не сакате да гледате вакви реклами на „
Јутјуб“, едноставно исклучете ја категоријата хорори во поставките за огласи на „Јутјуб“.