X
 25.10.2022 Живот

Прекрасна фотографија од Млечниот Пат над познатата тркачка патека „Плаја“ во Долината на Смртта

Креативноста на фотографот Пол Чејн обично е во подем навечер. Кога сонцето заоѓа, тој тргнува да фотографира и урбани и рурални средини.

За време на пандемијата тој бил фасциниран од астрофотографијата додека го поминувал времето кампувајќи во пустините на Јужна Калифорнија. Токму на една од овие екскурзии ја направил неговата прва успешна астрофотографија.

Фотографијата, направена на тркачката патека „Плаја“ во Долината на Смртта во Калифорнија, го прикажува фотографот како зјапа во ноќното небо исполнето со Млечниот Пат. Светилката од неговата ламба на главата фрла сноп светлина, додека небото е полно со ѕвезди.

Тркачката патека „Плаја“ е идеално место за фотографирање поради изолираната локација. Може да биде предизвик да се стигне до живописното езеро кое е сместено во националниот парк Долината на Смртта. Но, оние што ќе стигнат, ги очекува прекрасно небо без светлосно загадување што го прави идеален амбиент за астрофотографија.

За Чејн, успешното фотографирање на Млечниот Пат го инспирирало да истражува понатаму во фотографирањето на ѕвездите. Тој се надева дека неговата работа ќе ги поттикне и другите да излезат и да го истражуваат ноќното небо.

- Кога ја гледам мојата фотографија на патеката „Плаја“, се надевам дека кај публиката ќе предизвикам љубопитност за универзумот и чувството на возвишеност кога лежиш под ѕвездите и се прашуваш за нашето место во галаксијата - вели тој.

pat

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот