Кога ги гледаме пирамидите во Гиза, може да паднеме во искушение да поверуваме во теоријата дека древните Египќани знаеле нешто што современите луѓе не го знаат. Тогаш замислете како било во 17 век, кога сè уште се откривало загубеното знаење од минатото.
Во тоа време, дури и Исак Њутн сметал дека за да се разберат пирамидите, треба да се разберат многу работи, од гравитацијата до библиските пророштва. Според него, клучот за
разбирање на пирамидите лежел во единицата за мерење која се користела во стар Египет. Од музејот „Сотби“ објаснуваат дека египетската мерна единица му помогнала на Њутн прецизно да го реконструира Соломоновиот храм, кој се споменува во Библијата.
Ова го докажуваат неколку белешки на Њутн (изгорени на страните), кои неодамна биле продадени за 378.000 фунти.
Њутн верувал дека е потребно точно познавање на архитектурата и димензиите на Соломоновиот храм за точно да се предвиди апокалипсата, за што се интересирал Њутн.
Како што вели Ливиа Гершон од „Смитсонијан“, Њутн верувал дека древните Египѓани имале знаење кое се изгубило, а тоа не било само негово мислење, туку став кој го делеле учените луѓе низ Европа во тоа време.
Според Гершон, Њутн верувал и дека старите Грци успешно го измериле обемот на Земјата користејќи мерна единица позајмена од Египќаните. Тој дури се обидел да ја потврди сопствената теорија за гравитацијата преведувајќи ги овие стари мерења.
Извор:
openculture.com
Насловна фотографија:
Pixabay