Десет дена пред смртта на светски познатиот физичар Стивен Хокинг, Нил Деграс Тајсон направи интервју со него. Тоа почнува со некои лесни прашања, како кое е омиленото јадење или кој е омилениот пијалак на Хокинг (острига и пимс).
Иако не можеме да детектираме промена на тоналитетот во компјутерскиот глас на Хокинг, сепак знаеме дека тој беше чувствителна, милостива личност, како и брилијантен ум. Не изгледа дека тој се фали кога одговарајќи на прашањето на Тајсон за неговата омилена равенка, одговара „равенката која ја открив, а која ја поврзува ентропијата на црната дупка со областа од нејзиниот хоризонт.“
- Колку луѓе велат дека нивната омилена равенка е една од оние што тие сами ја составиле - прашува Тајсон смеејќи се.
Според физичарката Џана Левин, која е гостинка во студиото на Тајсон, омилената равенка на Хокинг покажува дека црните дупки всушност зрачат енергија, враќајќи информации, иако во форма која нема ред, за која претходно се мислеше дека е загубена засекогаш.
Водителот исто така го прашува Хокинг што би го прашал Исак Њутн кога би можел да се врати назад во времето.
- Дали Сончевиот Систем е стабилен? И што се случува со една ѕвезда која не може да се поддржи самата наспроти својата гравитација - се двете прашања кои
Хокинг рече дека би му ги поставил на Њутн.
Интервјуто исто така го опфаќа и прашањето за тоа дали некогаш би било можно да се патува низ времето, а одговорот може да ве разочара. Во дискусијата се вклучуваат и други луѓе, а интервјуто на Хокинг всушност е само мал дел од целата емисија.
Неговите одговори се многу кратки и концизни. Но, неговите теории се широки, откривајќи ни ги тајните на црните дупки и постоењето на мултиверзумот.