X
 11.03.2019 Образование

Конкурс за средношколски есеи – 2019

Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“  од  Свети Николе – Битола распишува

КОНКУРС
за најдобри средношколски есеи на следниве теми:

•    Дали технологијата ја поттикнува креативноста?
•    Дали онлајн-пријателите се разликуваат од имагинарните?
•    Има ли правда за СИТЕ?
•    Каква иднина има образованието?
•    Животот во виртуелна реалност.
•    Кога би живеел/а во филм, тоа би бил…
•    Есеј со научнофантастична содржина, со наслов по избор на писателот.
•    Слободна тема.

Бараме оригинални есеи. Искрени, сатирични, духовити, храбри, креативни, интелигентни, емоционални, визионерски… Баш такви есеи какви што сакате да напишете! Есеи што навистина можат да ги отсликаат средношколските размислувања.

Насловите на темите се дадени само како насоки за авторот. Може да давате аргументи за и против, може да се согласувате и да не се согласувате со дадените теми. Во оформување на идејата (и колку апстрактна таа ќе биде) имате целосна слобода. Важно е да се чувствувате слободни и сигурни во тоа што го пишувате.

есеи

1.    Кој може да се пријави?

На конкурсот можат да учествуваат сите средношколци од Република Северна Македонија со неограничен број есеи.

2.    Кои услови треба да ги исполнува есејот?

Есејот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик и да ги исполнува следниве услови:

•    да биде напишан на една од дадените теми
•    да биде подготвен како MS Office Word документ (.doc или .docx) – А4 формат
•    да не надминува 700 збора
•    фонт Times New Roman (со македонска/кирилична поддршка за есеите на македонски јазик);
•    маргини: лево, десно, горе и долу по 20 mm
•    да не биде навредлив кон ниту една етничка заедница, ниту смее да содржи говор на омраза базиран на раса, религија или пол.

3.    Освен есејот, дали е потребно да се достават дополнителни информации?

Потребно е на првата страница, пред почетокот на есејот, да бидат истакнати следниве податоци:

•    име и презиме на авторот
•    датум на раѓање на авторот
•    име на училиштето и место
•    ментор
•    адреса и место на живеење на авторот
•    телефонски број на авторот
•    адреса за електронска пошта на авторот

4. До кога најдоцна треба да се испратат материјалите?

Конкурсот ќе трае од 13 февруари до 30 април 2019 година.

5. Каде се испраќаат материјалите?

Есеите можете да ги прикачите во електронската пријава ТУКА.


6. Награди

Предвидени се специјални награди за
•    Прво место: Златна плакета, лаптоп, комплет книги и стипендија* во висина од 300 евра.
•    Второ место: Сребрена плакета,  таблет, комплет книги и стипендија* во висина од 200 евра.
•    Трето место: плакета, комплет книги и стипендија* во висина од 100 евра.

За сите други учесници ќе бидат подготвени подароци и сертификати за учество на конкурсот.

*Стипендијата се добива еднократно и само доколку ученикот одлучи да се запише на еден од факултетите при МСУ. Таа може да се искористи само како попуст од вкупната партиципација за студирање. Наградите не можат да бидат заменети со парични средства.

7. Критериуми

Важно е есејот да ги задоволува техничките барања што се наведени во конкурсот. Ова ќе биде првата фаза на елиминација.

Сите есеи што ќе ја поминат првата фаза ќе бидат оценувани од страна на комисијата според следниве критериуми:
•    оригиналност, иновативност
•    стил и начин на изразување
•    добро организиран есеј со соодветна содржина и структура
•    разбирање на темата за која се пишува
•    јасна цел, добро аргументирање и конкретни примери
•    граматика и интерпункција.
Организаторот ги задржува правата да го направи изборот на есеи кои ќе бидат објавени во збирката. Организаторот може да не објави.

8. Објавување на резултатите

Резултатите ќе бидат објавени на официјалната страница на Меѓународниот славјански универзитет на 20 мај 2019, најдоцна до 12:00 часот.

9. Доделување на наградите

Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост која ќе се одржи на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе на 24 мај во 12:00 часот. Сите ученици што имаат испратено есеј ќе добијат покана за доделувањето на наградите.
Истовремено ќе се одржи и промоција на публикацијата „Средношколски размислувања“, каде што ќе бидат објавени сите успешни есеи од конкурсот.

Имате прашања?

За дополнителни прашања, обратете се на следнава електронска адреса: esei@msu.edu.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование