Кога станува збор за Дубаи, прашањето секогаш гласи: „Што е следно?“. Овој град постојано изненадува со архитектурата и иновативноста.
Компанијата „Дамак пропертис“ неодамна го претстави својот нов проект „Дамак каса“. Станува збор за кула која ќе биде вистинско архитектонско чудо.
Дизајнот е инспириран од цветот на лотосот, а ќе има повеќе базени, од кои неколку ќе бидат со проѕирно дно и ќе висат над површината. Дел од базените ќе може да се трансформираат, а во зградата треба да има и воден парк и огромен базен на самиот врв.
Во кулата ќе се нудат луксузни апартмани, а дел од нив ќе имаат приватни лифтови.
Извор:
Luxury launches
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)