X
 07.12.2023 Живот

Нова зграда со скапи станови создава звуци кои ги полудуваат соседите

Нова зграда со луксузни станови наречена „Шорлајн кресент“, изградена од британскиот милионер Роџер ди Хан во Фолкстоун, Кент, предизвикува бес кај станарите.

Зградата со 84 стана, чии цени се движат од 430.000 до 1,8 милиони фунти, ги држи будни станарите поради бизарна причина. Становите се сместени на брегот на морето, а се верува дека ветерот што минува низ заоблената ограда на балконите испушта свирежи што ги излудуваат станарите и соседите.

Локалните жители се жалат на страшна бучава, опишувајќи ја како комбинација од звуци на харфа и ксилофон. Тие тврдат дека звуците ги прогонуваат и потсетуваат на ѕвонење во ушите што најчесто се поврзува со тинитус. Затоа новиот објект со потсмев се нарекува зграда за тинитус.

Звуците се погласни кога ветрот е посилен. Како звучи ова, слушнете во видеото во продолжение.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот