Автомобилската компанија „Рено“ штотуку им подели бесплатни електрични автомобили на сите домаќинства во францускиот град Апи за користење во период од три години. Дали станува збор за маркетинг трик? Да. Дали тој ќе има добар ефект? Веројатно да.
Медиумите известуваат дека
компанијата се обидува да покаже дека електричните автомобили може да им бидат корисни на луѓето кои живеат во изолирани или рурални региони, освен само на оние кои живеат во град, како што претпоставуваат многумина.
Конечно, на крајот „Рено“ ќе продаде повеќе автомобили, но и ќе се промовира користењето на електрични автомобили, кои се подобри за околината.
Сепак, целата кампања нема да ја чини компанијата многу бидејќи според податоци од 2017, во Апи живееле само 25 жители. Со оглед на тоа што „Рено“ доделува автомобили по домаќинство, бројот на автомобили кои ќе ги додели е помал од ова.
Сепак, секој дом ќе добие електричен автомобил „Рено Зои“ и домашен полнач. „Рено“ ќе изгради и станица за полнење во градот.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com