Во морето веб-страници што предизвикуваат непријатност се издвојува една што нè потсетува на кревкоста на нашата приватност.
Се работи за страница која неодамна стана популарна - „Инескем“ (Insecam). Овозможува пристап до голем број камери низ светот без лозинка, не затоа што камерите се хакирани, туку затоа што не се доволно добро обезбедени.
Оваа страница станала позната како „најморничавата страница на интернет“ бидејќи овозможува необезбеден пристап до камерите на различни локации. Сè што е потребно е да кликнете за да се отвори приказот од избраната камера. Со кликнување на камерата, корисникот може да добие дополнителни информации, вклучувајќи ги и координатите каде се наоѓа камерата, а подолу има и мапа на која е прикажана прецизната локација.
Додека некои од овие камери се за научни цели, за набљудување на дивиот свет или слично, има и такви со комерцијални намени. Камерите овозможуваат увид во паркинзите или внатрешноста на продавниците. Веб-страницата им овозможува на корисниците да ги сортираат камерите по популарност или други критериуми.
Интересно е да се напомене дека е можно да се контактираат сопствениците на камерите преку страницата, бидејќи се наведува дека секој може да испрати барање за отстранување на приказот од одредена камера. Ова дополнително ја нагласува потребата за подобра заштита на приватноста на интернет.
Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik