Фотографирањето повеќе не бара задолжително поседување професионален апарат. Причината е едноставна - телефонските камери се многу добри. Впрочем, малите камери во нашите телефони не ни можат да бидат многу подобри. Но, сите уреди не се направени исто, па така може да се одберат најдобрите. Ова се најдобрите телефонски камери во светот.
Sony Xperia Z5
Овој телефон излезе оваа година и веќе има свои фанови. „Sony“ има добра репутација во поглед на телефонските хамери, а „DXOMark“ тврдат дека таа е една од најдобрите во светот. Цената на телефонот изнесува 468 долари.
LG G5
Ова е првиот телефон кој вклучува две камери за различни фокуси. телефонот нуди и други алатки за подобро фотографирање со повеќе сензори и леќи за различни ситуации. Цената изнесува 650 долари.
HTC 10
Иако HTC секогаш се наоѓаат на врвот кога станува збор за телефонските камери, оваа година не се. Камерата на овој телефон е импресивна, но во споредба со останатите на листата, не може да се искачи погоре од третото место, пишуваат „
Tech insider“. Цената изнесува 700 долари.
iPhone 6s/6s Plus/SE
Камерата на новите телефони на „Apple“ нудат острина, филмска текстура и нуди многу повеќе од претходните камери создадени за фотографии од храна. Цената изнесува 400-750 долари.
Samsung Galaxy S7/S7 Edge
Може да се дебатира дали овој телефон е најдобриот некогаш направен, но нема сомнеж дека камерата е најдобрата на телефон. Сè најдобро достапно во моментов во една камера за телефон се наоѓа на оваа камера, а со неа може дури и да сликате под вода. Цената изнесува 645-750 долари.