X
 10.03.2016 Наука

Причини зошто треба да јадеме чоколадо

Уште едно истражување ги покажува придобивките кои можеме да ги имаме од консумирањето на чоколадото. Ова може да им служи како уште едно оправдување за сите оние кои го обожаваат чоколадото.

Истражување објавено во списанието „Appetite“ тврди дека чоколадото ја подобрува меморијата и когнитивните функции. Исто така, тоа спречува срцеви болести, штити од мозочен удар и го подобрува вашето расположение. Исто така, чоколадото може да не` направи попаметни.

Истражувањето ги споредувало когнитивните способности на луѓето кои јаделе чоколадо помалку од еднаш неделно со оние кои јаделе еднаш неделно. Резултатите покажале дека консумирањето на чоколадото е поврзано со функцијата на мозокот односно со меморијата и апстрактното мислење. Љубителите на чоколадото покажуваат помали когнитивни разлики.

Еден од авторите на истражувањето, психологот Мерил Елиас вели дека чоколадото влијае врзз целиот спектар на когнитивни домени. Психологот започнал да ги проучува когнитивните способности уште од 1970 година кај повеќе од 1.000 луѓе во Њујорк. Пред 15 години тој започнал да ги истражува навиките во исхраната кај луѓето и започнал да тестира како чоколадото влијае врз мозокот.

Неговите резултати покажуваат дека чоколадото позитивно влијае врз функционирањето на мозокот. Истражувањето тврди дека консумирањето на чоколадото има голема корист за луѓето подобро да ги извршуваат секојдневните задачи, како на пример сеќавање на некој број, работење две активности одеднаш итн.

Резултатите од истражувањето се потпираат на неодамнешните клинички испитувања кои велат дека редовното внесување на флавенол какао може да биде добро за когнитивните функции на мозокот и може да штити од нормалните промени со кои се соочува мозокот кога старее. Чоколадото помага во борбата против срцевите заболувања.

На пациентите со дијабетес тип II кои се изложени на висок ризик од срцеви заболувања им било дадено чоколадото како секојдневен лек против ангина пекторис и срцев удар. Чоколадото кое го создале научниците и кое можеби и не е толку вкусно како што очекувате, но може да има потенцијално подобар ефект во борбата против проблемите со срцето, отколку лековите кои моментално се препишуваат.

Антиоскидантните својства на чоколадото го прават супер храна. Но, само доколку количината на какао е поголема од 60%. Флавоноидите од чоколадото во телото произведуваат азотен оксид, кој го подобрува протокот на крв, што резултира во намалување на притисокот. Не делуваат сите чоколади на овој начин, туку само темните со голем процент на какао. Потемните чоколада имаат и помалку шеќер.

Чоколадото не` прави среќни. Освен очигледната среќа кога јадеме, добиваме и добра количина на фенилетламин хемикалии кои се ослободуваат кога ќе се заљубиме. Чоколадото го намалува ризикот од рак. Флавоноидите се антиоксиданси во чоколадото кои го спречуваат телото да создава слободни радикали кои ги оштетуваат клетките, а кои може да доведат до рак. Доволно е да се јаде темно чоколадо само три пати месечно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука