X
 15.11.2024 Живот

„Линдт“ обвинет за криење високо ниво на метали во чоколадото

Познатиот швајцарски производител на чоколади „Линдт“ доби колективна тужба во Соединетите Американски Држави поради криење високи нивоа на тешки метали во својата чоколада, како што се олово и кадмиум.

Имено, овој производител бил тужен поради резултатите од анализата од 2022 година, спроведена од организацијата „Консумер репортс“, а истражувачите анализирале 28 коцки темно чоколадо вклучувајќи го и „линдт“ и така откриле високо ниво на олово и кадмиум.

Иако „Линдт“ не бил единствениот бренд со висока концентрација на тешки метали, неговото чоколадо покажало најлоши резултати. Темното чоколадо од 85 проценти какао имало нивоа на олово и кадмиум кои значително ги надминуваат безбедносните граници - дури 166 проценти олово и 80 проценти кадмиум, што предизвика загриженост во САД.

Од „Линдт“ се обиделе да ја намалат сериозноста на ситуацијата тврдејќи дека описите како „извонредност“ и „професионално сработено со најдобри состојки“ кои се наоѓаат на етикетата на чоколадото треба да се сметаат за хиперболични и не можат да ја сметаат компанијата за одговорна.

Меѓутоа, окружниот суд во Њујорк ја отфрлил оваа одбрана наведувајќи дека таквото рекламирање може да доведе до лажно верување во квалитетот на производот.

Контаминацијата на чоколадото со тешки метали претставува сериозен проблем, но постојат можни решенија. Тие вклучуваат избор на почви со пониски нивоа на овие метали (истражувачите откриле дека какаото апсорбира кадмиум од почвата, кој се акумулира во зрната додека расте растението), спроведување побезбедни земјоделски техники и производствени процеси. Некои брендови спроведуваат редовно тестирање и истражуваат иновативни алтернативи, како што се зрната какао одгледани во лабораторија.

Извор: 6yka.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот