Додека светот се соочува со огромна задача за преминување на чисти облици на енергија, некои еколози велат дека е време за прифаќање на нуклеарната енергија.
Тие не се единствените што се залагаат за тоа. Секое сценарио на задржување на планетата од загревање над 1,5 Целзиусов степен од прединдустриските нивоа што ги претстави Меѓувладиниот панел за климатски промени се потпира на нуклеарна енергија која обезбедува сѐ поголем удел на производство на електрична енергија.
Меѓутоа, многу луѓе ја отфрлаат идејата за нуклеарната енергија бидејќи нејзините нуспроизводи остануваат радиоактивни стотици илјади години и никој не сака да се насобира радиоактивен отпад во нивните заедници. Сепак, што ако постои начин да се рециклира тој отпад и да се направи да исчезне на безбеден начин?
Тој начин сега постои благодарение на „Окло“, калифорниски стартап кој го развил првиот реактор што генерира енергија со консумација на нуклеарен отпад.
Експерименталниот нуклеарен реактор ќе биде изграден во Националната лабораторија во Ајдахо. Тоа ќе биде мала електрана која ќе може да произведува доволно енергија за околу 1.000 дома - до 1,5 мегават струја. Ќе може да работи речиси самостојно (без тим на оператори или потреба за полнење гориво) две децении бидејќи работи како долготрајна батерија.
Горивото што „Окло“ планира да го користи за палење во својата електрана од следната генерација се вика HALEU (слабо збогатен ураниум). Тоа ќе обезбеди повеќе енергија по волумен од конвенционалниот катализатор, има подолг век на траење и поголема стапка на разградување од нуклеарниот отпад, а неговата ефикасност овозможува електраните да се помали.
Компанијата добила дозвола за почеток на изградбата на новата електрана во декември. Тоа е првата и единствена дозвола некогаш издадена во САД за нуклеарна електрана која користи нешто друго освен реактор со водено разладување.
Компанијата планира да ја отвори електраната некаде помеѓу 2022 и 2025 година. Меѓутоа, сѐ уште има значителни пречки што треба да се совладаат, како што е поднесување барање за дозвола до сојузните регулаторни комисии за нуклеарна енергија со кое се осигурува безбедноста на новата електрана. Точниот датум кога новата електрана ќе стане оперативна зависи од тоа колку е потребно за да се заврши регулаторниот преглед, истакнаа од „Окло“.
Извори:
Intelligent Living,
Geek