X
 09.12.2021 Живот

„Гугл“ ќе им подели бонус на сите вработени како поддршка за време на пандемијата

Компанијата „Гугл“ планира да им додели бонус од 1.600 долари на сите вработени насекаде низ светот како поддршка за време на пандемијата. Бонусот ќе го добијат сите вработени, практиканти и хонорарци овој месец, открива „Ројтерс“.

Компанијата веќе им доделила бонуси за работа од дома на вработените за време на пандемијата откако анкета покажала дека благосостојбата на вработените се намалила минатата година.

Минатата недела „Гугл“ го одложи планот за враќање во канцеларија на неограничен период поради стравови од ширење на новиот сој на ковид-19, омикрон.

Според претходниот план, вработените требаше да се вратат во канцелариите на 10 јануари.

Извор: Reuters
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот