X
 28.06.2021 Живот

За 88% од луѓето, физичкиот допир е клучен за среќен живот

Луѓето се оддалечија едни од други поради пандемијата, а тоа доведува до осаменост и изолираност кај многумина. Пандемијата послужи за потсетување дека сепак ни е потребен допир.

Моќта на допирот била докажана и од страна на научниците. Било откриено дека физичкиот допир ја намалува вознемиреноста поврзана со деменцијата, а држењето на детето може да го намали ризикот од смрт на детето со мала телесна тежина за дури 36%.


Фото: Pixabay

Една компанија спровела анкета на 11.706 луѓе од девет различни земји за да открие дали на луѓето им недостасува физички допир за време на пандемијата. Според резултатите, 49% од испитаниците потврдиле дека поради пандемијата се чувствуваат поосамено од било кога во животот. Анализата покажала и врска помеѓу чувството на осаменост и недостатокот на контакт со другите - физички и емоционален.

Дури 81% од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат осамено би сакале да добијат повеќе прегратки од другите. Изолацијата поттикнала 72% од испитаниците да помислат за тоа колку често ги допираат другите, а 75% од нив се потсетиле дека физичкиот допир е важен за здравјето.


Фото: Pixabay

Анкетата покажала дека 88% од испитаниците веруваат дека човечкиот допир е клучен за среќен и исполнет живот.

Поради пандемијата, луѓето почесто имаат физички допир со најблиските, а поретко со останатите, а над една третина од испитаниците очекуваат дека тоа нема да се промени и по пандемијата.

Извор: 24 Sata
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот