X
 10.03.2023 Култура

Излезе трејлер за првиот филм снимен во вселената

Вселенската трка достигнува нови нивоа, па се префрла и на бизнисот, туризмот, а сега и на филмовите. Неодамна го добивме и трејлерот за рускиот филм „Предизвикот“, кој е прв филм снимен во вселената.

Снимањето било направено во 2021 година. Во филмот, хирургот Жења, која ја игра Јулија Пересилд, треба да му направи операција на срце на космонаут во вселената бидејќи тој не може да се врати на Земјата. Пациентот го игра Олег Новитски, кој е космонаут во вистинскиот живот.

Филмот е во продукција на студиото „Јелоу, блек енд вајт“ и телевизиската станица „Канал 1 Русија“, во соработка со руската вселенска агенција „Роскосмос“. Филмот има цел да ги промовира вселенските активности на Русија, како и космонаутската професија.

Актерите и режисерот Клим Шипенко патувале до Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 и го снимале филмот во период од 12 дена. Во филмот игра и српскиот актер Милош Биковиќ.

Премиерата ќе биде на 12 април.


Извор: CNN
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура