Благодарение на напредокот во развојот на патентирани синтетички срца слични на човечките, создадени првпат во државата Мичиген, истражувачите можат да ги проучуваат развојот на човечкото срце и вродените срцеви заболувања во многу прецизни модели. Ова го олеснува развојот на нови терапии и фармацевтски препарати за лекување различни болести поврзани со срцето – и тоа токму за време на одбележувањето на Американскиот месец на срцето (февруари).
Слични по големина и развој на човечките срца од фетус, овие мини кардијални органоиди стануваат сè покомплексни и пореални. Истражувачкиот тим на МСУ, кој ги создаде мини-срцата, првпат ги објави своите наоди во 2020 година.
Ајтор Агире, вонреден професор по биомедицинско инженерство и раководител на Одделот за развојна и биологија на матични клетки на Институтот за квантитативни здравствени науки и инженерство на МСУ, објаснува дека воведувањето реални модели е од суштинско значење за откривање ефективни и клинички преносливи решенија за кардиоваскуларните болести. Се проценува дека 21 милион смртни случаи годишно се поврзани со оваа состојба, вклучувајќи нарушувања на срцето и крвните садови.
- Иако се смета дека 90 отсто од кардиоваскуларните болести можат да се спречат, тие станаа водечка причина за смрт во развиениот свет. Благодарение на напредокот во технологиите за матични клетки и биоинженерството, можеме да создаваме и да ги проучуваме човечките срца. Ова ќе ги револуционизира медицинските пристапи за лекување и превенција на срцеви заболувања, како и вродени состојби, со тоа што ќе ни помогне да ги разбереме механизмите на болеста - вели Агире.
Агире објаснил дека фармацевтските компании ќе ги повлечат лековите од пазарот ако се открие дека предизвикуваат кардиотоксичност. Можноста однапред да се предвиди токсичноста може да заштеди пари, време и да го намали ризикот од неуспех на лекот.
Мини срцевите органоиди биле развиени со донирани возрасни плурипотентни матични клетки. Нивната клеточна сложеност и физиолошка релевантност овозможуваат проучување на развојот на човечкото срце и болестите до досега невиден степен.
- Создадовме модел кој ги користи овие органоиди за да ги проучува ефектите од дијабетесот кај мајката во секоја фаза од развојот на феталното срце. Ова е дефиниција за прецизна медицина. Можеме да ја искористиме науката за да ја направиме клиничката практика попрецизна - вели Агире.
Извор: Okvir.net
Фото: Freepik