X
 17.03.2019 Живот

Како настанале гоблените?

Веројатно сите сме виделе гоблен, без разлика дали тој сè уште ги краси ѕидовите на нашите домови или, пак, е скриен во некоја кутија. Магија од бои и конци кои вредните раце на нашите сакани со векови ги претворале во уметност. Но, дали знаете од каде потекнува оваа уметност?

Одговорот е - од Франција. Но тој на балканските простори е прифатен и негуван уште од самиот почеток.

Во 15 век во Париз браќата Жан и Филбер Гоблен основале работилница за боење ткаенини. Нивните трудови со текот на времето доживеале толкава популарност, што подоцна му го привлекле вниманието и на францускиот крал Луј 14. На негово барање работилницата станува дел од кралската фабрика за изработка на мебел.


Фото: Opanak

Мотивите што ги краселе гоблените зависеле колку од нарачателот, толку и од умешноста на мајсторот. Често познати уметници биле раководители на вакви работилници. Дури и некои од најголемите сликари на сите времиња се занимавале со изработка на гоблени.

Во 1893 година Јакоб Вилер отвора работилница за изработка на постелнина декорирана со вез. Имало можност и за нарачување по пошта. Купувачот едноставно требало да испрати писмено барање и да ја избере саканата декорација, која ќе била овековечена со вез. Со тоа постепено започнува историјата на неприкосновениот крал во царството на рачните изработки - Вилеровиот гоблен.

Гоблените се купувале, врамувале и подарувале. Темите, мотивите и боите им паднале в око на нашите вешти баби, кои оваа мајсторија ја зачувале до ден-денес.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот