Во пресрет на велигденските празните сигурно се подготвувате околу бојадисувањето на јајца. Ако не сте сигурни како да ги обоите, погледнете ја листата на продукти и зачини кои ќе ги обојат во сите нијанси.
Вилетова – чај од хибискус, црвено вино или варен лист од зелка
Сина – боровинки од конзерва, сок од црно грозје
Зелена – спанаќ и коприва
Зелено-жолта – варена јаболка златен делишес
Жолта – куркума или кумин, кора од портокал и лимон
Кафеава – кафе (црно и инстант)
Портокалова – лушпи од жолт лук, варени моркови, чили пиперки
Кафеаво – портокалова – кора од кромид
Розова – цвекло, сокови од шумско овошје (малини, капини, боровинки, брусница)
Црвена – домат во тетрапак, конзервирани вишни или малини
Варете ја секоја состојка посебно во зовриена вода, а во секој сад ставете една лажица оцет. Во мешавината ставете тврдо варени јајца и оставете ги да стојат 12 часа. Имајте на им дека треба да користете бели
јајца за бојата да изгледа посветла.