X
 07.05.2019 Живот

Како фармерите ги прават жолчките на јајцата позлатни

Истражување на британската телевизија „Ченл 4“ открива дека луѓето што се занимаваат со продажба на јајца додаваат црвен пипер во храната на кокошките за жолчката да биде привлечно жолта. Румената жолчка е знак за вистински домашни јајца кои се продаваат поскапо.

Експертите се надеваат дека ова ќе го побие митот дека бојата на жолчката значи и поголема прехранбена вредност. Убавата жолта боја, според експертите, доаѓа од пченката и црвениот пипер кои се додаваат во храната на кокошките, па бојата не е нужно поврзана со квалитетот на јајцата.

Професорот Кормак О'Шеј од Универзитетот во Нотингем, Велика Британија, вели дека на храната на кокошката може да ѝ се додаде и морков и пиперка за да се постигне поубава, порумена и „поздрава“ боја на жолчката.

Златните жолчки долго време се сметаа за поздрави и се мислеше дека се снесени од добро одгледувана кокошка.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот