X
 10.04.2017 Живот

Доктор Хаус: „Ако можеш да лажираш искреност, тогаш можеш да лажираш речиси сѐ“

Грегори Хаус во текот на осум сезони споделуваше мудрости на различни теми, вклучувајчи ја медицината, па и маните на човековиот вид. Неговата интелигенција и сарказам се издвојуваат во следните неколку негови реченици:


Фото: Wikipedia

1. „Основна вистина за човековата состојба е дека секој лаже. Единствената варијабла е за што е лагата“.


Тој смета дека лажењето е нормално за човековата раса. Хаус е скептичен за сето она што другите го зборуваат.

2. „Ако можеш да лажираш искреност, тогаш можеш да лажираш речиси сè“.

Луѓето се најлоши. Хаус знаеше дека клучот за да ги натерате луѓето да го направат она што го сакате е да им ласкате. Како што вели Хаус, ако тоа бара премногу труд, тогаш дајте се од себе за да се преправате дека нивното присуство не ви е одвратно.

3. „Нема ништо што на овој универзум не може да биде објаснето. Со тек на време“.


Постоењето на Господ, што се случува кога умираме и слични други големи животни прашања. Како атеист и доктор, Хаус го знаеше одговорот на барем две од нив, но неговото потпирање на науката и неговиот напор да го реши секој случај, е добра лекција за скеој од нас дека ниту еден проблем не е без одговор. Можеби се само потребни неколку потенцијално фатални претпоставки за да се дојде до одговорите.

4. „Постојат три избори во животот: да се биде добар, да се стане добар или да се предаде“.

Одлично е кога сте добри во повеќе работи, но да се биде најдобар во една работа е она за кое е вредно да се живее. Напорната работа и вложениот труд е секогаш добар избор, иако тоа не е најлесниот пат.

5. „Нема ЈАС во тим. Има МЕНЕ ако направите мешаница“.

Хаус сметаше дека единственото мислење кое е навистина важно е неговото. Хаус не научи на самодоверба. Ако верувате во себе, се е можно.

6. „Сакаш да ги исправиш работите? Штета, ништо не е исправно“.

Што и да направите, најверојатно нема да биде доволно добро. Можете да трошите време жалејќи за тоа или да преземете нови ризици и да пробате нови работи. Изборот е ваш.

7. „Ако не сте подговени да изгледате глупаво, ништо извонредно нема да ви се случи“.


Докторот често ризикуваше потенцијално фатални дијагнози за лечење на своите пациенти. Почесто неговото ризикување се исплатеше. Без ризици, нема и успех.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот