X
 17.08.2017 Култура

Ова е најдобриот град за живеење во светот

град
Фото: АВС

Уште еднаш Мелбурн е именуван за најдобриот град за живеење од „Економист“, добивајќи највисоки поени за здравство, образование и инфраструктура.

Индексот на „Економист“ (EIU) рангира 140 града секоја година токму на овие теми: стабилноста, културата и животната средина. Виена уште еднаш се искачи на второто место, а Ванкувер на третото.

Аделаид е следниот најдобар австралиски град што заврши на петтото место. Перт се најде на седмото место, додека Сиднеј на единаесеттото.

Ова беше рекорден седми пат по ред Мелбурн да се најде на врвот, со 97,5 поени од вкупно 100 поени. Првите пет земји останаа непроменети од минатата година.

„Овој светски рекорд е неверојатен подвиг на кој сите граѓани треба да бидат горди“, изјави градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл.

„Ова признание е важна точка за Мелбурн, особено во интернационална смисла: за бизнисите да инвестираат или да се преселат тука, за најдобрите и најпаметните луѓе да пронајдат дом во Мелбрун и за туристите да нè посетат. Нормално дека не сме совршени. Ниту еден голем светски град не е, меѓутоа, треба да бидеме горди на работата што ја постигнавме заедно и со тоа да го направиме Мелбурн најдобар град за живеење во светот“, додава тој.

Во извештајот пишува дека тековната закана од тероризам во светот влијаела врз голем дел од резултатите.

Причината поради која Мелбурн ги надмина другите градови најмногу била поради ниската стапка на криминал, и покрај зголемувањето на грабежите и кражбите во последните 12 месеци. Сепак, и Мелбурн има свои проблеми.

Градот се бори со растечката и сè поголема видлива криза на бездомништвото.

2
Фото: АВС

Прашањето за достапноста на станови исто така предизвикува стрес бидејќи цените на имотот продолжуваат да растат, спречувајќи многу луѓе да купат и да поседуваат дом. Цената на изнајмувањето исто така е прилично висока.

Ема Кинг, главен и извршен директор на викторијанскиот совет за социјална служба, вели дека индексот создал искривена слика за животот во Мелбурн.

„Дали Економист анкетирал некој што живее под мост или некој што прескокнал оброци за да си ја плати сметката за струја? Мелбурн е одличен град, но за многумина сè што обезбедува е тежок живот“, вели Кинг.

Македонија не се најде меѓу анкетираните земји, а не се најде ниту една земја од Балканот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура