X
 21.12.2017 Живот

Фотографијата од Аргентина што го вознемири светот

Шокантна фотографија од мало девојче како пие валкана вода од вир во центар на град станала предмет на расправа во цела Аргентина и Јужна Америка. Едно девојче во текот на топлотниот бран во аргентинскиот град Посадасу клечи на колена и како куче пие од валканата вода.

фото извор: Facebook

Фотографијата ја направил локалниот новинар и хуманитарец Мигуе Риос, па наскоро станала вирална на целиот континент, а во Аргентина е наречена „фотографија што ја засрами целата држава“.

За ситуацијата да биде полоша, локалното население тврди дека ова е вообичаена сцена за центарот на Посадасу. Девојчето не е единствено, наводно се работи за цела група сиромашни деца од племето Мбија Гуарани кои секој ден доаѓаат во центарот на градот.

Риос објаснил дека фотографијата ја објавил бидејќи сите знаат каква е состојбата во земјата, а никој не презема ништо. Тврди дека е време да се почне со решавање на овие проблеми, односно оние што се избрани да почнат да се грижат за другите, а не само за полнење на сопствениот џеб. 

Риос исто така потенцира дека децата се принудени од возрасните во племето да доаѓаат во центарот на градот и да просат. Често локалното население им дава пари и им помага да се вратат дома, но тие секогаш повторно доаѓаат.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот