Од 1 февруари, 2018, има околу 978 евалуации од вработените во „Амазон“ , кои чувствуваат дека се опкружени со интелигентни луѓе кои се горди на тоа што го прават. Сметаат дека компанијата нуди многу можности за раст, секогаш охрабрува да се биде иновативен и да се креира нешто ново. Во продолжение дознајте како е да се работи во една од најмоќните компании на светот, според описот на вработените во истата.
фото извор: Thrive Global
1. Некои вработени продолжуваат да пријавуваат напната работна средина
Некои луѓе ќе направат се што треба за да напредуваат, дури и би газеле преку други луѓе. Но, тоа не е случај за сите. Еден вработен истакнал дека во Амазон има најдобра средина за работење, пријателски настроен менаџмент и простор за напредок. Може да се заклучи дека искуството на вработените се разликува во зависност од тимот кој ги опкружува.
2. Вработените велат дека има можност за надополнување на вештините
Многу од вработените тврдат дека компанијата нуди многу можности. Најчесто го опишуваат како динамично и возбудливо место, каде што секојдневно се учи нешто ново. Многу тимови во компанијата се флексибилни и даваат поддршка и на другите вработени.
3. Иако за компанијата се зборува дека има баланс помеѓу работата и приватноста, некои вработени велат дека може да биде и тешко
Во околу 440 евалуации, вработените истакнале дека им недостига баланс помеѓу работата и животот. Некој вработен дури изјавил: „Возбудлива работа, но речете му збогум на животот“. Вработените работаат минимум 12 часа дневно, а на крајот од месецот дури и по 15 или 16 часа. Еден од менаџерите во компанијата изјавил дека вработените некогаш работаат и додека се на одмор.
4. Вработените можат да работаат од дома
На некои вработени и е дозволено да работаат од дома, кога сакаат, но тоа зависи од позицијата на вработениот.
5. Менаџментот може да биде добар или лош
Повеќето имаат пофални зборови за менаџментот во компанијата и ги издвојуваат од останатите места каде што работеле. А некои пак, се жалат на фреквентните промени кои менаџментот ги воведува и тврдат дека тоа ги збунува луѓето.
6. Вработените добиваат компензации и придобивки
Многу вработени велат дека нивната плата е праведна и повисока од други места. Исто така, имаат здравствено осигурување, што е многу важна компонента.
7. Вработените велат дека компанијата наградува без заслуга
Некои
вработени тврделе дека компанијата е спремна да оправда лошо однесување во име на постигнувањето резултати. Често се случува унапредувања да добиваат луѓе кои ги преземаат заслугите на вработените на пониски работни позиции.