X
 02.06.2015 Технологија

Како YouTube заработува пари?

Како YouTube заработува пари од видеата? Краткиот одговор е дека не заработува, барем ако се работи за профит, а не само приходи. Оваа изненадувачка вест излезе во февруари во извештајот на „Wall Street Journal“.

 

пари


Според ова, може да се заклучи дека YouTube добива плата според тоа колку една реклама се гледа.

На почетокот


YouTube имаше изодено долг пат кога Google го купи во 2006 година. Google не ја купи компанијата поради нејзините приходи. Ја купи затоа што сопствената онлајн видео понуда се бореше, а сообраќајот на YouTube беше огромен. Откако Google го купи YouTube, започна да преовладува мислењето дека авторските права ќе се решат и за брзо време ќе се приклучат рекламите.

Рекламирање


Проблемот со авторските права допрва треба дополнително да се разработат и покрај тоа што поминаа скоро 10 години, меѓутоа вистина беше дека рекламите ќе се појават и ќе бидат доста чести. Но, доставувачите на реклами започнаа да гледаат реклами на погрешен тип на содржини. Стапките на рекламите паднаа, и се вратија на стариот тип на рекламирање.

И покрај мрачната перспектива за профитабилност, Google продолжи да инвестира во YouTube. Наскоро, секој оној кој објавува видеа имаше дел од приходот кој рекламата може да го произведе. Со намалувањето на стапките и склоноста на луѓето да ги прескокнуваат рекламите, повеќето YouTube видеа не направија пари.

Благодарение на иновацијата во самите реклами, пазарот на реклами пополека се зголемуваше и подобруваше.

Планот да се оди напред

Google има неколку различни планови за иднината на Youtube. Првиот е месечна претплата за верзија без реклами со дополнителни ексклузивни видеа до кои имаат пристап само регистрираните корисници. Ова значи дека YouTube ќе инвестира во оригинални содржини.

Големиот предизвик за YouTube е да ги натера луѓето да ја користат страната директно. Постојат многу луѓе кои ги гледаат клипчињата на видео меѓутоа преку други страни. За да се избори со ова, YouTube се обидува да создаде страна која луѓето ќе ја посетуваат.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија