X
 10.04.2020 Наука

Садењето дрвја на погрешно место може да има негативен ефект

Брз и едноставен начин да се намали испуштањето на штетни гасови во атмосферата е преку засадувањето дрвја. Дрвјата го апсорбираат јаглеродниот диоксид од воздухот.

Британската организација „Нечурал капитал комити“ објавила нов извештај во кој ја советува владата како да го елиминира испуштањето на штетни гасови до 2050. Еден од советите е засадувањето дрвја низ земјата. Меѓутоа, во извештајот има и предупредување за местото во кое би се засадувале нови дрвја.


Фото: Pixabay

Имено, масовното садење дрвја на лежишта на тресет може да има обратен ефект. Влажните тресетишта низ Велика Британија го задржуваат јаглеродниот диоксид, но садењето дрвја на овие места ја суши почвата, што може да доведе до поголемо испуштање отколку апсорбирање на јаглеродниот диоксид.


Фото: Pixabay

- Садењето дрвја на вистинското место е одличен начин за апсорбирање на јаглеродниот диоксид. Доколку ги засадите вистинските дрвја на вистинското место, тоа може да биде многу корисно. Но, секако, обратната страна од ова е дека може да ги засадите погрешните дрвја на погрешно место - вели професорот Ијан Бејтман од Универзитетот во Егзетер.

Автор: Хери Кокбурн
Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука