Тик-ток корисникот Џош Кер открива дека е поевтино да се живее во луксузно одморалиште со 5 ѕвезди во Турција отколку да се изнајми стан во Манчестер.
- Штотуку открив дека е поевтино да се живее во луксузно одморалиште со 5 ѕвезди отколку да се живее во Манчестер - вели тој на видеото кое стана вирално.
Џош Кер плаќа 950 фунти месечно за својот стан во Манчестер, но подоцна дознал дека ќе го чини 938 фунти за да резервира одморалиште во Турција со 28 ноќевања, вклучувајќи ги и летовите.
Изнајмувањето стан во центарот на Манчестер во просек изнесува 1.163 фунти месечно, покажуваат најновите податоци на „Зупла. Данокот изнесува од 1.312 до 3.282 фунти.