X
 10.05.2018 Образование

Доделени наградите на државниот натпревар по хемија – ова се нашите прваци

Четворица средношколци освоија прво место во различни категории на државниот натпревар по хемија, кој се одржа на Институтот за хемија, а го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СТХМ).
Во две категории прво место освоија два ученика. Љубовта на нашите средношколци и основци кон хемијата СТХМ традиционално ја поттикнува на иновативен начин. Секој ученик пласиран на државниот натпревар има право да учествува со своја идеја на конкурсот за дизајн на маица. На лист со формат А4 требаше рачно, со молив или со пенкало, да биде напишан текст и/или нацртана скица во врска со хемијата (симболи на елементи, структури на молекули, кристали, апаратура...).


Михаил Трајков, средношколец од Велес


Победничкиот дизајн за маица

На конкурсот годинава победи Михаил Трајков, средношколец во велешкото училиште „Димитрија Чуповски“.

Прво место во четири различни категории освоија средношколците:

- Иван Попјанев - СУГС гимназија „Орце Николов“ - Карпош
- Викторија Дунимаглоска - СОУ гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
- Алма Усеин - СОУ „Јане Сандански“ - Струмица
- Магдалена Златанова - ПСУ „Јахја Кемал“ – Струмица

Прво место во две категории освоија основците:
- Теона Кировска - ООУ „Гоце Делчев“ - Свети Николе
- Дарко Стојчев - ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ - Кавадарци

Погледнете ги фотографиите од најдобрите:


Теодора Петреска од Прилеп и нејзиниот предлог-дизајн (долу)



Татјана Босилановска од Струмица и нејзиниот предлог-дизајн (долу)



Предлог-дизајнот на Елена Петковска од Неготино
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование